Галерија: Погледнете каков ќе биде животот во четирите облакодери во Аеродром

Четирите облакодери во својата височина кријат живот со неспорна удобност. Облакодерите се лоцирани во Аеродром, предградие кое е познато по урбаниот стил на живеење, но исто така и со отворениот и чист простор, со широки тротоари и голем број зелени површини.

Супериорни до облаците, овие архитектонски структури ќе понудат широка панорама и досега невиден поглед на градот. Почнувајќи од фоајето и првите катови, четириесеткатниците со сите свои содржини ќе го претстават градот внатре во градот или над него. Животот во Џеваxир Скај Сити во многу нешта ќе биде живот без ограничувaња и живот со сите удобности и префинетости на еден модерен и урбан животен стил.

Овој нов комплекс нуди живот со сите неопходности достапни во радиус од 500 метри. Фитнес сали, 3 покриени базени, турски бањи, сауни, детски игралишта, сквош и пинг понг игралишта, сопствен паркинг простор на 5 ката, салони, организации и резервации за настани во фоајето. На самиот влез во секоја од кулите, во фоајето ќе биде достапна уште и најексклузивната, уникатна и досега невообичаена за македонскиот начин на живот– консиерж услуга. Улогата на оваа услуга е да го олесни живеењето и да помогне во секојдневните обврски како хемиско чистење, одржување на домот, превоз и други неопходности што во голем степен го поедноставуваат секојдневието.

Сите овие содржини ќе бидат сместени на почетните катови на секоја од резиденцијалните кули на површина од 5.600 метри квадратни. Многу од услугите и содржините претставуваат луксузен животен стил и концепт не толку присутен во нашата перцепција на секојдневните активности. Секоја од услугите е достапна за секој станар. Исто така, во сите овие услуги станарите ќе имаат можност да уживаат цело време со постојано, деноноќно достапна лоби услуга, обезбедување на секоја од содржините како и внатрешен пристап до трговскиот центар.

Џевахир Скај Сити становите ќе се продаваат со целосно опремени тоалети, вклучувајќи машини за перење, туш кабина, осветлување и комплетно опремена кујна со мијалник, микро бранова печка, фурна, фрижидер, аспиратор, електричен шпорет. Апартманите се достапни во различни големини, почнувајќи од апартмани со една спална од 52 метри квадратни, па се до стан со три спални со 163 метри квадратни.

Исто така, апартмани во различни големини може да се формираат по желба. Ќе има 10 станови на секој кат, почнувајќи од 1ви до 20ти кат, од 21ви до 32ри кат ќе има 8 апартмани и по 6 апартмани од 33ти до 38ми кат. Додека пак, 39от и 40тиот кат ќе имаат по три комбинирани апартмани. За непречено живеење на станарите ќе има вкупно 6 лифтови во секоја зграда, 4 лифтови со голема брзина, еден товарен и еден лифт за во случај на пожар.танарите ќе имаат можност да уживаат цело време со постојано, деноноќно достапна лоби услуга, обезбедување на секоја од содржините како и внатрешен пристап до трговскиот центар.