Гала вечер со кавалерите на МОБ!

По повод светскиот ден на Жената, во вторник, на 8 Март, со почеток во 20 часот, Македонската опера и балет приредува концерт со симболичен наслов „За дамата... Гала вечер со кавалерите на МОБ!“

За концертот е подготвена специјална програма, составена од популарни арии и наполитански канцони кои ќе бидат изведени од „кавалерите-солисти“ на Македонската опера и балет.