Гала оперски концерт во Националната опера и балет, задолжително е носење маска

Вечерва во Националната опера и балет (НОБ) од 20 часот ќе се одржи Гала оперски концерт, под диригентство на Иван Еминовиќ. Ќе настапат оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска-Илкова, Соња Пендовска-Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска-Спасовска, Павлина Новакова-Георгиев, Драган Ампов, Злата Тошевска, Ана Ројдева и Александра Лазаревска-Василев, заедно со Оркестарот и Хорот на НОБ.

Од НОБ велат дека концертот ќе се одржи според протоколите за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.