ГАК ги отфрла обвинувањата на Шаревска: Со пациентката е постапено по протокол, постојат и пишани докази

Јавна здравствена установа Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје се огласи по наводите на медицинската сестра Љубица Шаревска за треманот кој го добила од здравствените институции и медицински лица и до компликациите кои резултирале со загуба на нејзиниот плод. Оттаму ги отфрлааат обвинувањата од страна на пациентката.

„Во врска со последните пишувања во јавноста од страна на наша пациентка, а со цел изнесување на вистината, ја информираме сета јавност дека ЈЗУ У ГАК ги отфрла сите обвинувања од страна на пациентката. Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за квалитет при што е констатирано дека во врска со пациентката е постапено по протокол за што постојат и пишани докази за истото (прегледи, терапија и сл.). И покрај сета пружена грижа, пациентката ја напуштила клиниката на свое барање Како институција ја почитуваме сечија приватност, но и интегритетот и начелото на установата“, се вели во краткото соопштение на ГАК.

Од Министерството за здравство, пак, велат дека со внимание ги следат наводите што Шавреска ги изнесе во јавноста и дека, со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, веднаш побарале од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да спроведе надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот.