Футсал спектакл, Рикардињо доаѓа во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), од 5. до 7.декември е организатор на футсал турнир на кој ќе настапат најдобрите репрезентации на Македонија, Португалија и Босна и Херцеговина.

Македонската публика, во Скопје, ќе има можност на дело да го види еден од најдобрите футсал играчи на сите времиња Португалецот Рикардињо.

Натпреварите ќе се играат во ВИП арената „Борис Трајковски“, а блок влезница за сите три средби ќе чини 100 денари.

Распоред на натпреварите:

5 декември 18:00 часот: Македонија – Босна и Херцеговина
6 декември 17:00 часот: Португалија – Босна и Херцеговина
7 декември 17:00 часот: Македонија – Португалија.