
Фудбалскиот терен во рамки на основното училиште „Страшо Пинџур“ во Ѓорче добива нова трибина, сподели денеска градоначалникот на општината, Александар Стојкоски.
„Продолжуваме со конкретни инвестиции таму каде што се создаваат идните шампиони! На фудбалскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ изградивме нова трибина со должина од 15 метри, со што обезбедуваме подобри услови за следење на натпреварите и поддршка за младите спортисти“, истакна Стојкоски во објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека оваа инвестиција значи повеќе простор за публика, подобра организација на спортските активности и поттик за развој на училишниот и локалниот спорт.