Фудбалскиот клуб Вардар доби нов сопственик

Во кусото соопштение на фудбалскиот клуб Вардар на мрежата Х се вели дека по претходен потпишан договор 85 % од акциите на фудбалскиот клуб му припаѓаат на новиот сопственик Атила Бижен Жалили.

„ 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото. Следи финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар“, стои во соопштението на Вардар.

За повеќе детали околу тоа кој е новиот сопственик и кои се неговите планови се очекува во текот на наредниве денови.