Во екот на квалификациските натпревари за Светското првенство 2026, атмосферата не е загреана само на теренот, туку и на социјалните мрежи.
Актуелниот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска беше забележан на трибините во Астана, каде лично ја бодреше македонската репрезентација во натпреварот против Казахстан. Фотографијата од трибините, објавена на неговите профили на Facebook и Instagram, предизвика позитивни реакции од јавноста.
Од друга страна, дел од корисниците на платформата „X“ (поранешен Twitter) го коментираа поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој неодамна објави фотографија од својата канцеларија на која бодри – репрезентацијата на Албанија.
„20 години функционер во Македонија беше, сакаше и претседател да биде, и пак Албанија му е во срцето“, стои во еден од најкоментираните постови на оваа тема.
20 години функционер во Македонија беше, сакаше и претседател дс биде и пак Албанија му е во срцето pic.twitter.com/ADF3jBxphj
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) June 7, 2025
Оваа размена на симболични гестови доби посебна тежина во контекст на чувствителните теми поврзани со идентитетот и надворешната политика, за кои Османи беше често во фокусот на јавноста додека ја предводеше македонската дипломатија.