Младата Фросина кобната вечер кога беше прегазена на „Партизанска“ излегла со своето куче Аја.
Како што рече и нејзиниот татко Тодор Кулаков, таа периодов имала случувања во Париз околу дизајнерската работа, а таа вечер, како и секогаш, излегла да со своето мало кученце, веројатно да го прошета.
Кучето во моментот на несреќата успеало да се сокрие под автомобил и е живо, но очигледно тагува по својата Фросина.
На фејзбук страницата „Лина - помогни на животните - Кавадарци“ со емотивни зборови се простија од Фросина која била голема љубителката на животните.
- Толку добрина имаше во тебе, толку милост, убавино наша. Како и секоја вечер со твоето душиче, со твоето пријателче Аја, за која ти се грижеше одговорно. Бевте љубов, поврзани, си имавте свој јазик заеднички, како и многу други кои своите миленичиња се дел од семејството. Голем љубител на кучиња, на се она што носи душа во себе... за разлика од нејзиниот убиец кој немаше емпатија кон се живо.
Кобната вечер кога нашата мила Фросина со својот неразделен другар, нејзина Аја, поминуваа на пешачки...
Радосни, среќни, две души сплотени кои си беа верни една друга..ве сруши убиецот, напишаа оттаму.
- Твојата Аја лојална, барајќи те тебе, да ја заштитиш, да ја гушнеш, нашла безбедност во темината... И тоа Фросинче наша..твојата Аја се скрила под автомобилот кој те уби... паркиран пред твојата зграда, откако ве удри заедно... Аја е добро, само е тажна по тебе... споделуваат во емотивната објава овие љубители на животните.