Познатата инфлуенсерка Фросина Фро која без исклучок е „без влакна на јазикот“ овој пат покрена тема за финансиската независнотст на жените.
Деновиве таа замина на одмор сама на егзотична дестинација, а очигледно испровоцирана од дел од коменарите дека одмора сама, даде свој „жесток“ одговор.
- Жена сама на одмор - сигурно со спонзорот е појдена, од каде таа пари. Штом сама се слика сигурно е со некој што не смее да го објави, го почна таа својот фејсбук пост.
- Маж сам на одмор - алал да му е, отишол да се одмори, да си ја опушти душичката од сите околу него што му се качуваат на глава. Тоа се тие двојни аршини на глупото балканче кое никако не може да прифати дека има жени кои не зависат од парите на мажот. Има жени кои ако си глуп ќе те шутнат за секунда затоа што се свои и независни. Примитивното балканско маже го вреѓа фактот што една жена е доволно јака за да не биде инфериорна во однос на нив. Затоа што јаките жени ги потсеќаат овие обиди за мажиња колку се всушност слаби. И тоа ги подзаболуе. Затоа голем дел од мажите најчесто се женат за послаба жена од нив која ќе ја доминираат, која со својата потчинетост ќе им дава лажно чувство на доминантност и јачина која е толку потребна на секој искомплексиран маж. Затоа повеќето мажи се женат за жени кои помалце заработуваат од нив, вели Фросина.
- Колку е финансиски позвисна жената од мажот, толку тој примат се осеќа посигурен. И не ми коментирајте дека не се сите мажи такви. Знаеме дека не се сите. Пишувам за повеќето кои се и тие повеќето ја прават лошата слика, порача таа на фејсбук.