Фројд: Силната личност никогаш не го презема товарот на туѓите лоши зборови

Не можеме да избегаме од лошите зборови на другите луѓе, но можеме да избереме како ќе реагираме на тоа.

Сигмунд Фројд еднаш има кажано дека личноста која не е груба, нема проблеми и најверојатно сите ја сакаат, веројатно умрела.

Тоа значи дека не можете да се осигурате од негативноста на другите луѓе, тие секогаш ќе постојат околу вас, но вие избирате колку од тоа ќе ве погоди и како ќе реагирате на таквите зборови.

Луѓето се емоционални суштества и често нè погодуваат туѓите дела и зборови и тоа е сосема нормално. Но, не смееме да се доведеме себеси во очај, да ја намалиме самодовербата поради некој друг или пак да се чувствуваме лошо и непријатно. 

Но, како да се однесуваме кога ќе се соочиме со лоши изјави и навреди? Според Фројд, постои само еден збор кој е најмоќната алатка во таа ситуација.

ДА.

Кажете ДА со мирен израз на лицето. 

Што и да ви говорат другите луѓе, моќта на мирно кажаното ДА е посилна од секоја реакција. На тој начин и покажувате на другата личност дека не чувствувате потреба да се докажувате, дека го обезвреднувате нејзиниот напад и не дозволувате да бидете навредени.

Освен тоа, важно е да развивате самопочит кон себеси. Не дозволувајте вашиот мир да зависи од надворешните проценки. Здравата самодоверба е проценка на самите себеси, а мислењето на другите е вредносен суд кој често е површен. Треба да знаете дека навредите и тешките зборови најчесто доаѓаат од луѓе кои не ве познаваат најдобро и тие често се рефлексија на нивната личност, а не на вас.

Фројд еднаш рекол дека кога луѓето повеќе би се оценувале себеси и не би се занимавале со вреднување на другите, грубоста би изумрела и не би постоела на овој свет.

Освен тоа, најдобриот начин да се ослободите од навредите и тешките зборови е да се заштитите од личностите кои се склони кон тоа да делат навреди. Почитувајте се себеси, своето време и енергија и не дозволувајте тие да ви ја крадат енергијата. Вие заслужувате позитивни луѓе околу вас и ништо повеќе од тоа.