Фројд: „Колку е побеспрекорен човек однадвор, толку повеќе демони има во него“

Фројд го нарекуваат „татко на психологијата“, бидејќи неговиот допринес кон оваа наука е неверојатен. Тој има напишано и кажано многу интересни работи, а денес ви ги издвојуваме најинтересните.

„Поголемиот дел од вашиот идентитет се оформува според големината на проблемите кои можат да ве извадат од такт.“

„Мажот е среќен со која било жена, сѐ додека не ја засака“.

„Пред да се дијагностицирате себеси со депресија и ниска самодоверба, прво проверете дали сте опкружени со идиоти.“

„Сѐ што правите во кревет е прекрасно и сосема во ред. Важно е тоа да биде убаво и за двајцата.“

„Кучињата ги сакаат своите пријатели и ги касаат своите непријатели, сосема спротивно од луѓето кои не се способни за чиста љубов и кои секогаш мешаат љубов со омраза.“

„Колку е побеспрекорен човек однадвор, толку повеќе демони има во него.“

„Ние никогаш не сме поранливи од моментот кога љубиме и никогаш не сме толку безнадежно несреќни тогаш кога губиме љубов.“

„Првиот знак на глупоста е целосно отсуство на срам.“

„Луѓето се многу поморални отколку што мислат и многу понеморални отколку што можат да замислат.“

„Поголемиот дел од она што е во нас е несфатливо, а она што е препознатливо е реално.“

„Ние повеќе тежнееме кон тоа да ја избегнеме болката отколку да ја сретнеме радоста.“

„Во моментот кога човек почнува да се сомнева во својот живот и својата вредност, тој се разболува.“