Фродо од „Господарот на прстените“ доаѓа во Скопје

Елајџа Вуд, американскиот 35-годишен актер кого најголемиот дел од публиката го познава по улогата Фродо Багинс во мегахитот „Господарот на прстените“ ќе дојде во Скопје. Тој ќе допатува на 4 јуни и тоа во рамки на фестивалот „Здраво млади“ кој е во организација на Младинскиот културен центар.

Елајџа во Скопје не доаѓа како актер, туку како диџеј. Актерот денес работи и како филмски продуцент и диџеј. На музичките сетови настапува со неговиот пријател Зак Коуви, а двајцата се познати како дуо „Вуден виздом“.

Познати се по добрите забави каде и да настапуваат. Дуото пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали, денс њувејв.