Фрлил пакетче дрога од автомобил - Кривична за охриѓанец

Кривично ќе се гони охриѓанец кој бил затекнат со дрога. 

- СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.05.2025 на ул.„Васил Главинов“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило „јагуар“, при што тој фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено, информираа од полицијата. 

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што, исто така, пронајдена е и одземена марихуана.