Фрлил нож кон автомобил во движење, погодил во шофершајбната

Вчера околу 17.45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ непознато лице фрлило со нож кон патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици кое било во движење а управувано од А.М. (23) кој бил со двајца сопатници М.И. (23) и Б.Н.(22). 

Оштетена била задната шофершајбна на возилото а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.