Фрлил монета кон домашната публика за време на кошаркарски натпревар и повредил 13-годишник - скопјанец ќе одговара кривично

24-годишен скопјанец ќе одговара кирвично затоа што за време на кошаркарски натпревар фрлил монета и повредил 13-годишник.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднело кривична пријава против Б.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 21.02.2026 во спортска сала во Куманово, пријавениот, припадник на навивачка група, за време на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје, се однесувал недолично и фрлил монета кон домашната публика, при што повредил 13-годишен малолетник.