Фрлени игли и шприцови на пет метри од куќите – граѓаните стравуваат поради состојбата на Центарот за зависници во Кисела Вода

Граѓаните на Кисела Вода живеат во страв поради состојбата околу Центарот за рехабилитација на зависници кој се наоѓа во оваа населба, кој претставува секојдневна опасност за здравјето на луѓето, посебно на оние најмладите, на децата.

Редакцијата на Курир за овој проблем побара одговори од општина Кисела Вода и Министерството за здравство. Од општината на прашањето кога овој проблем ќе биде решен, одговориле дека овој проблем е глобален, а не локален и поддржуваат нулта толеранција кон недозволената трговија со дроги поздравувајќи ја акцијата на МВР во Струга.

Граѓаните на социјалните мрежи велат дека ништо не е исполнето, а дека добиле ветување во јануари оваа година дека проблемот ќе биде решен за еден месец од тогаш, состојбата не е подобрена ниту седум месеци подоцна. Тоа барем го покажуваат фотографиите објавени на социјалните мрежи.

Жителите на Кисела Вода се жалат дека состојбата од ден во ден е се полоша и полоша. Посебно загрижувачки е фактот, според објавените фотографии на социјалните мрежи, фрлените шприцови и игли се на само неколку метри од куќите каде живеат луѓето.