Фрлени 30 тони сол низ улиците во Општина Ѓорче Петров

Продолжува чистењето на коловозите и тротоарите во општината. Во соработка со Град Скопје, поминати се сите булевари.

Зимската служба на Ѓорче Петров,  изминатата ноќ фрли 30 тони сол при расчистување на снежните наноси. Ангажирана е 24 часовна дежурна екипа на надвозникот во ,,Даме Груев”.

Согласно техничките можности, денеска се насочуваме во руралниот дел од општината каде снежните врнежи се поинтензивни. Целта е  да не настане отсечување на селата Орман, Кучково и Никиштани.

Истовремено,  им препорачуваме  на возачите да возат внимателно и да не паркираат на улиците со што би се овозможило непрекинато движење на возилата на зимската служба. Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.