Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа, експлозивна направа била фрлена врз семејната куќа на познатиот пејач Здравко Чолиќ во Дедиње, пишуваат српските медиуми.

Според првите информации, нема повредени, но е причинета голема материјална штета на објектот.

Веднаш по пријавата, полициските сили ги блокирале приодите кон домот на пејачот, а истрагата ја спровеле на лице место припадници на МВР и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Форензичарите собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор за да го идентификуваат напаѓачот.

Извори блиски до истрагата наведуваат дека пејачот веројатно не бил дома во времето на експлозијата, но сè уште нема официјална потврда за движењата на семејството.

Соседите опишуваат дека слушнале „страшна детонација“ што ги вознемирила жителите на овој дел од градот.