Фрламе храна, а некој моли за неа!

Годишно во земјава се фрла храна во вредност од 10 милиони евра или околу 5000 тони. Количина која можат да ја искористат 13 илјади луѓе во три оброка.

Зошто вишокот на храна наместо да се фрла кога може да биде донирана?

Франција е првата земјав во светото која го регулира фрлањето на храна. А  на тоа веќе работи и Велика Британија која годишно фрла по 15 милиони тони. Во Европската Унија ортпадот од храна достигнува до 100 милиони тони годишно  Од регионот Хрватска  има донесено правилник за донирање на вишпокот на храна од маркетите.

И во Македонија голем број граѓани си легнуваат гладни. Последните статистички податоци покажуваат дека во 2017 година 500.000 домаќинства живееле на прагот на сиромаштијата, а дури 53,9 проценти не можеле да си дозволат секој втор ден на трпезата да имаат месо, риба или соодветно вегетаријанско јадење. Од друга страна, за оние кои остануваат во таа група, особено за оние кои не можат да си обезбедат храна ништо значително не се менува, иако тони прехранбени продукти редовно одат на буниште. Како решение за нив се нудат народните кујни и ништо повеќе.

Гладните во Македонија, од кои некои се принудени да копаат по контејнери, се приклештени меѓу строгата законска регулатива и добрата волја на некои трговци и поединци да им помогнат стомакот почесто да им биде полн. Додека тие мака мачат некако да го поминат денот, фирмите прават дополнителни трошоци за да се ослободат од храната која не успеале да ја продадат во предвидениот рок.

Една спроведена анкета покажува дека и граѓаните имаат желба да им помогнат на гладните, но дел од нив не се во можност. Според тоа истражување, 68 отсто од македонските граѓани се подготвени да донираат храна за сиромашните, под услов да имаат средства. На 60 проценти од испитаниците ретко им останувала храна, а секој ден имале по нешто вишок само 9 отсто. Никогаш не донирале храна 77 отсто, а некогаш донирале 15 проценти. Зошто граѓаните вака се однесуваат покажува другиот дел од анкетата според кој половината од испитаниците се изјасниле дека барем еднаш се задолжиле за да купат храна, а 32 отсто рекле дека за храна позајмувале речиси секој месец.