Фризер, козметичар и масер - трите занаети коишто се најатрактивни за младите

Фризер, козметичар и масер. Ова се трите занаети коишто се најатрактивни за младите. Алудирајќи на занаетите бидејќи тие се во изумирање, за жал сѐ уште нема заинтересирани за изучување на казанџиството или наланџиството, бидејќи тоа се занаети што ги уништија индустријализацијата и новото време.

Денеска на секој чекор можеме да забележиме дека некој прави нокти, шминка, прави фризури, масира или депилира.

Ова се нови, модерни занаети кои во денешницата носат голема заработка.

-Јас правам нокти веќе четири години. Млада сум, имам само 25 години, а можам да кажам за себе дека сум успешна во она што го работам. Имам работа секој ден. Некогаш за работа ми се малку 24 часа. На крај на месец, сфаќаш дека се исплатело. Заработката е многу голема. Многу поголема од една просечна плата во Македонија, вели Стефанија.

-Имам 40 години. Останав без работа. Не се мислев многу, отидов на курс за депилација и еве веќе 7 години се занимавам со тоа. Убаво ми е, плус многу исплатливо. Има за нормален живот, раскажува Снежана.