Фризер, козметичар и масер се трите занаети кои во моментов носат убава заработувачка и се најатрактивни за младите

Фризер, козметичар и масер се трите занаети кои во моментов се најатрактивни за младите. За жал, нема заинтересирани за изучување на казанџиството или наланџиството, бидејќи тоа се занаети што ги уништија индустријализацијата и новото време.

- Од занаетчиството може добро да се живее. Во потрага по стекнување знаења и техники со кои полесно се доаѓа до работа се поголем број млади се насочуваат кон изучување на 
занаетчиството како важна гранка од малото стопанство, чии развој воедно придонесува за зачувување и продолжување на нашата традиција и културното наследство, потенцираат од  Занетчиската комора.

-Јас имам козметичко студи, кое постои две години. Првин почнав да работам дома, а потоа си основав и фирма, со помош на владините мерки и грантовите. Убава е заработката. Ова е нов, модерен занает на денешницата. Денеска секоја жена прави нокти, се шминка и депилира. Секој модерен човек сака масажа на телото, раскажува Стефанија сопственичка на козметички салон.

-Фризерницата ја имам веќе пет години. Одлично работи, секој ден ми е полн. Убаво се заработува, може да се живее од тие пари убаво во Македонија, раскажува Драган, сопственик на фризерски салон.