Според информација од градежната компанија Штрабаг, поради изведување на градежни работи на патниот правец Р-2133 Куманово – Лопате, сообраќајот ќе биде во целосен прекин во периодот од недела 15.09.2024 година, од 22:00 часот до понеделник 16.09.2024. до 05:00 часот, по што сообраќајот ќе биде пуштен во редовен тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.