Во рамките на својата актуелна европска турнеја, во Скопје доаѓа англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит. Концертот во организација на „Скопски џез фестивал“ ќе се одржи во среда, во камерната сала на Македонска филхармонија со почеток во 20:00 часот.

“Јас сум автор, композитор, мултиинструменталист и импровизатор кој музицира главно на различни пермутации на електрична и акустична гитара. Понекогаш користам и еден куп дома-направени жичени инструменти кои се плод на мојата имагинација. Научив како се компонира во рок бендови, почнувајќи со Henry Cow во 1968 година. Ова подразбира пишување за и со луѓе што добро ги познавам, и потоа потрага по финалниот резултат низ еден колективен истражувачки процес. Во годините со Henry Cow се вљубив во студиото за снимање и во неговите бескрајни можности. Воодушевен сум од идејата за „работата“ како незавршена и постојано отворена можност за промена на ентитетот. На суштината. Импровизацијата, сценографијата на звукот во студиото и третирањето на композицијата како отворен процес остануваат во средиштето на мојата размисла каква треба да биде музиката“, вели Фрит.

Билетите ќе чинат 600 денари.