Францускиот филм “М” во Кинотека на Македонија

Во Кинотеката на Македонија вечерва (19 октомври), во 20 часот, ќе биде прикажан францускиот филм „М“ во организација на Францускиот институт во Скопје. Со оваа проекција се отвора и новата сезона на францускиот кино-клуб, во рамките на којшто еднаш месечно се прикажуваат современи француски филмови.

Се работи за прв долгометражен филм на младата актерка и режисерка Сара Форестие, којшто беше одлично прифатен од критиката.
Форестие раскажува една љубовна приказна за двајца млади од различни социјални средини, во која и двајцата треба да се соочат со неписменоста на момчето.

Во главните улоги настапуваат Сара Форестие и Редуан Аржан, а филмот е со превод на македонки јазик.