Француски рецепт за домашни кроасани

Познавате ли некој кој не спомнал дека кроасаните се слабост?! Токму поради што го знаеме тоа, повелете одличен рецепт за домашни кроасани кој доаѓа од Француската кујна, за која може да се каже дека тие се препознатлив знак на појадокот.

Скоро и да нема таков човек кој може да им одолее, а замислете каков им е вкусот кога се топли и пресно направени. Нема што да се чека, мора да се пробаат!

Состојки:

  • 2 ½ мали лажички сув квасец
  • ¼ чаша + ¾ чаши млеко
  • 50 грама шеќер
  • 3 чаши (375 грама) брашно
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 чаша (210 грама) путер
  • 2 лажици (16 грама брашно)
  • 1 јајце
  • 1 лажица вода

Подготовка:

  1. Затоплете ¼ чаша млеко на 38 степени, а потоа распрскајте го квасецот. Измешајте ги и оставете 5 минути за да нарасне квасецот.
  2. Во преостанатото млеко додадете го шеќерот и измешајте го со нараснатиот квасец. Просејте го брашното и додајте 2 чаши и солта во садот со квасец. Измешајте и додадете од преостанато брашно колку што е потребно за да добиете тесто кое е меко и лепливо.
  3. Тестото префрлете го на набрашнета маса и месете го за време од минута до две. Потоа ставете го на набрашнета чинија и пресечете го во форма на буквата Х, така што ќе добиете 4 делови. Пресекот треба да биде длабок околу 2,5 см. Наросете го брашно и ставете го во ладилник најмалку еден час.
  4. Путерот изматете го со миксер, а потоа додадете ги 2 лажици брашно и повторно изматете. Ставете го путерот на набрашнете површина и формирајте го како квадрат со димензии од 10 см.
  5. Путерот завиткајте го во пластична фолија и ставете го во ладилник додека се стврдни подеднакво со тестото.
  6. Тестото ставете го на набрашнета површина и со сукало исучете кора. Во средината ставете го путерот. Краевите на тестото преклопете ги врз путерот и исучете кора. Важно е да ги следите инструкциите. Потоа тестото ставете го во ладилник за време од 1 час, а потоа во замрзнувач околу 30 минути.
  7. Постапката со превиткување на тестото повторете ја уште еднаш. Тестото завиткајте го во пластична фолија и ставете го во ладилник најмалку 6 часа, а потоа ставете го во замрзнувач 30 минути.
  8. Тестото исучете го во форма на правоаголна кора и исечете триаголници. Ставете фил по желба (нутела, мармалад и сл). Потоа формирајте ги кифличките и ставете ги тава обложена со хартија за печење.
  9. Во сад ставете го јајцето, водата и изматете ги. Премачкајте ги кроасаните со разматеното јајце и оставете ги на собна температура неколку часови за да нараснат двојно.
  10. Рерната загрејте ја на 190 степени. Повторно премачкајте ги кроасаните со разматеното јајце и печете ги за време од 15 до 25 минути, додека добијат златно кафеава боја.

На здравје!