Француската техно-ѕвезда Мис Китин доаѓа во Скопје

Француската техно-ѕвезда, како што ја нарекуваат Мис Китин, ќе настапи во Скопје.

Журката е на 7 мај, во 23 часот, во МКЦ. Зад уметничкото име Мис Китин се крие Каролин Херве, позната Французинка која по пробивот на техно-сцената прерасна во еден вид андерграунд хероина, чии песни постигнаа успех и брзо стигнаа на врвот на светските топ-листи, оставајќи го и комерцијалниот поп зад себе. Престижниот магазин “Билборд” ја стави на листата меѓу 15-те најважни жени на светската електронска сцена.

На журката во МКЦ, како загревање ќе настапат и Роботек, Мирко Попов и Нино Флодер.