
Вчера падна првиот снег за оваа сезона во Македонија. Сезоната беше „отворена“ со снег на Попова Шапка и Маврово.
Утрово исто така, можеше да се забележи снег и во Скопје, односно на Водно и Скопска Црна Гора.
Сепак, денеска една „снежна“ фотографија од Попова Шапка изненади многумина.
Имено, станува збор за фотографија која што ја објави „SkiMacedonia“ од Попова Шапка, на која што јасно може да се забележи како метрото покажува 30 сантиметри паднат снег.
