Фотографиите од летувањето кажуваат многу за вас!

Што најмногу сакате да фотографирате додека сте на одмор? Размислете добро, затоа што одговорот на ова прашање многу кажува за вас. Барем така тврдат британските истражувања во кои учествувале 1000 испитаници. Не е сеедно дали на вашите фотографии се наоѓа локална знаменитост или највеќе сакате да позирате додека пиете коктел.

Туристите кои сакаат да се фотографираат пред споменици и историски знаменитости веруваат дека се попаметни и позабавни од околината. Фотографиите од пиење егзотични коктели на зајдисонце покажуваат желба да им се пофалиме на пријателите дека супер си поминуваме.

Групно селфи прават луѓе кои сакаат да покажат дека имаат многу пријатели, а себеси обично се сместуваат на средина од сликата. Оние кои праватт селфи од лицето додека лежат на лежалка сакаат да покажат дека се оригинални и заводливи, додека оние кои постираат слики како скокаат во воздух имаат потреба да порачаат дека се слободни и плус сакаат да си го покажат телото.

Оние кои си ги сликаат нозете со собрани колена додека лежат на лежалка покрај море сакаат да изгледаат дека се уметнички настроени, но основниот мотив е да си ги покажат нозете и местото на кое се одмараат.