Фотографиите од „Јавна соба“ се појавија на порно сајт

Групата „Јавна соба“ која по наредба на МВР беше затворена, а фотографиите избришани, од пред две недели повторно е активна, но овојпат на еден светски порно сајт, пренесува „Плусинфо“.

Како што е наведено таму, основач на групата наводно е 31-годишен маж од Германија, кој досега има објавено над 500 експлицитни фотографии од девојки и од момчиња од Македонија.

Според информациите со коишто располага Плусинфо, станува збор за истите фотографии кои неодамна беа објавени во групата „Јавна соба“ на Телеграм, а кои беа избришани по интервенција на Министерството за внатрешни работи (МВР).