Фотографиите говорат - Центарот на Скопје како после апокалипса

Центарот на Скопје се чини никогаш понеугледен! Метрополата во грдо светло! 

За ова коментира и една твитерџика која повикувајќи се на репортажата на Канал 5 ТВ за денешното лице на центарот на главниот град.

Критиките се оправдани, а фотографиите од терен го потврдуваат токму тоа. 

- Во постапокалиптична состојба, шугави, ушмрљани и усмрдени. Срам за државата и срам за градот. Уште од самиот старт катастрофален впечаток. Излупени фасади во строг центар, канделабрите на плоштад со поддршка на камења стојат. Нема канта у Скопјето која има кеса и е здрава, кометира оваа твитерџика. 

- ГТЦ уништен за век и векови пола скали искршени и распаднати и направено јавна депонија. Стока да беше повеќе култура ќе имаше, вели таа, а за култниот Камени Мост вели: 

- Мост кој е со векови стар уништен од графити, вандализам, обрасната трава и гомна и лајна насекаде кои предизвикуваат смрдеа и хаварија и после ќе носиш туристи во Скопјево?

- Жена Борец не треба ни да се коментира и тоа спроти собрание на држава еј!!  Вардар речиси и да нема вода кај и да е ќе пресуши ко Отиње во Штип и ќе премине од река во поток. Ужас од невидени размери ѓубре и нечистотија насекаде, нотира таа за центарот на Скопје.