
Територијалната противпожарна единица Крива Паланка преку социјачните мрежи сподели дека по пријавата за пожар на отворен простор во с.Градец (Дољен Градец) некаде околу пладне, Први на терен излегле 1 ПП возило и 3 пожарникари, но поради силниот ветер пожарот се ширел брзо и претставувал опасност за село Лозаново и населбите Лозаново,Бегови Бавчи и Мизовски Ливади.
Како што објаснуваат во објавата, по наредба на командирот, Иле Коцевски за кратко време биле мобилизирани и поставени на терен целокупните човечки ресурси на нивната единица и целиот возен парк.
„Интервениравме на најкритичните точки на пожарот со 7 ПП возила и 17 пожарникари. За жал пожарот кој ги зафати териториите на с.Градец и с.Лозаново го зеде својот данок во 1 човечка жртва, неколку куќи и помошни објекти, пчеларници, овоштарници и голема површина на дабово-борова и багремова шума со ниска вегетација, велат од ТППЕ Крива Паланка.
Тие споделија и повеќе фотографии за време на гаснењето и после пожарот.



