ФОТОГАЛЕРИЈА - Пролет во Скопје, градот живее!

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски сподели магични фотографии од Скопје! 

Сончев ден - Скопје во полн сјај! 

- Скопје денес - убаво, со своја посебна магија, раздвижено и полно со живот, напиша во описот вчера првиот човек на главниот град споделувајќи фотографии од повеќе делови на градот во пролетен амбиент. 

Скопјани ја пофалија работата на надлежните за поубаво Скопје, но ги истакнаа и проблемите и желбите! 

Дел од нив побараа осветлување на Камениот мост, активирање на градските чешми, повеќе канти за отпадоци, како и решение за вечниот проблем со кучињата скитници. Дел побараа и повеќе македонски знамиња да се веат низ центарот на градот! 

Во продолжение дел од убавите кадри на Скопје!