Фото: Врнежи од снег во овој момент на Попова Шапка

Камерите на skimacedonia.mk во овој момент регистираа врнежи од снег на Попова Шапка, а тоа може да се забележи и на фотографијата. Навистина е чудно на почетокот на петтиот месец да бидат регистирани толку ниски температури и врнежи од снег.

И во наредните денови во Македонија ќе продолжи нестабилното време со локални  врнежи од дожд, но ќе биде и се потопло, барем до петок. Во среда и сабота во цела Македонија ќе биде нестабилно со локални врнежи од дожд, додека пак во четврток и петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во четврток услови за врнежи од дожд ќе има во централните и североисточните предели, а во петок во источните и североисточните предели.

Во среда температурите од 9 до 19 степени, во четврток од 12 до 21 степен, а поопло ќе биде во петок кога дневните температури ќе достигнат до 15 односно до 24 степени. Во сабота пак максималните дневни температури ќе бележат благо опаѓање и ќе се движат од 13 до 21 степен.