ФОТО ВРЕМЕПЛОВ: „Жена парк“ преку лето пред повеќе од 50 години

Во една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“ беше споделена фотографија од „Жена Парк“, каде што во летниот период е сосема разеленето, и секако, го нема оној впечатлив сообраќај на кои ние сме навикнати денес.

По деталите, поточно градбите кои што ги има, односно се уште нема на фотографијата кога е направена, може да се заклучи дека фотографијата настанала пред повеќе од 50 години.

Инаку, оваа фотографија кај многумина скопјани врати убави спомени, „Кога Скопје беше Скопје“, „Кога Скопје го градеа експерти“, „Кога скопјани уживаа во зеленилото“ - беа само дел од коментарите под фотографијата.

Сепак имаше и такви кои чуствуваат револт и жалење за некои од денешните призори низ градот.