ФОТО ВРЕМЕПЛОВ: Летна сообраќајна „гужва“ во Скопје во 1970 година

Во фејсбук група, која тематски обединува „стари скопјани“ беше објавена ретка фотографија од периодот на 70-тите години на минатиот век од централното подрачје на Скопје.

И самиот член на групата кој што ја сподели фотографијата, во описот над неа потенцира дека е ретка фотографија. Таа е направена кај раскрсницата на улица „11 Октомври“ со булевар „Кочо Рацин“.

Во еден од коментарите, еден член на групата детално ја опиша фотографијата, со интересни факти.

„Освен фасадите и ширината на коловозите, исто нова беше и малата зграда Балканија, па стамбена до Шивална Роберт Гајдиќ и после седнете кули и долгата зграда од Градски Ѕид спрема Парламентот, а нова е зградата спроти Градска Болница (таму сум роден 1955, а браќата 1950 и 52 лето). Се сеќавам дека спроти пред да го срушат беше Истражен Затвор уште од СХС со огромни црни врати железни и не плашеа ако не учиме или не сме мирни ќе не остават тука со глувците... “, гласаше коментарот во кој се присеќава еден скопјанец.