ФОТО ВРЕМЕПЛОВ: Камен мост и Вардар пред 116 години!

Во една од фејсбук групите кои што тематски се поврзани со Скопје и „стари скопјани“ беше објавена една реконструирана слика од Камениот мост во Скопје.

Како што имаше наведено авторот на објавата во натписот над неа, сликата е направена во далечната 1909 година.

На фотографијата може да се забележи колку всушност бил голем Вардар пред 116 години, односно преплавен бил делот под мостот кој што денеска е реконструиран, а се поставени и неколку споменици.

Исто така, не може а да не се забележат ниските куќички и состојбата на кејот од двете страни. На прва изгледа навистина чудно, ако се земе фактот дека веќе се навикнавме кога ќе го погледнеме Камениот мост и овој дел од Скопје, во позадина да гледаме големи згради, од една страна на македонските институции и музеите, а од другата ГТЦ.