
Во Фејсбук група која тематски обединува „стари скопјани“, еден нејзин член сподели фотографија направена пред 50 години на еден сончев ден пред ГТЦ од страната на Жена парк.
Во натписот на објавата овој скопјанец само напиша: „Сончев летен ден во Скопје, ГТЦ, 70-тите“.
Кај многумина од повозрасните скопјани оваа фотографија предизвика носталгија, што можеше да се забележи и во коментарите под објавата.