
Низ социјалните мрежи неодамна кружеше фотографија која е направена од птичја перспектива и гледа кон Градскиот стадион во Скопје, ама не онаков на каков што се навикнавме да го гледаме денес.
Имено, се работи за фотографија која според коментарите под објавите од неа, скопјани велат дека датира од крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години.
На фотографијата може да се забележи дека сите трибини, кои иако тогаш во помал капацитет од денес, се исполнети до последно место, буквално „нема игла каде да падне“.
Не се знае за кој натпревар станува збор, но во минатото големи клубови доаѓале да играат против македонските тимови на „Градски“: Партизан, Црвена Звезда, Хајдук, Динамо, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Ливерпул...
