
На една од фејсбук групите која тематски обединува „стари скопјани“, еден нејзин член сподели ретро црно-бела фотографија, како на тогашниот базен во скопски Сарај се разладуваат скопјани.
Повозрасните граѓани во коментарите се носталгични кон летата кои ги поминувале токму тука со семејството и со пријателите. Други пак коментираат дека Сарај денес го нема блескавиот сјај како порано.
