ФОТО: Во текот на ноќта украдени се капаци од шахти на неколку скопски улици

Во текот на минатата ноќ на Бул. Илинден, Бул. 8-ми Септември и ул. Карпошево Востание, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници, информира ЈП „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека во најбрз можен рок истите ќе бидат заменети, а случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош.

-Воедно сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.