
Фејсбук страницата „Населба Црниче, Скопје“ сподели повеќе фотографии од несобрани канти со ѓубре, за кои граѓани се жалат дека подолг период не се собрани.
- "Славејко Арсов" Не знам од кога не се поминати!? Јас вчера се вратив од одмор...слика за пречек, жална... Денес ги собрав развлечените кеси со фрлена храна...И после и Господ го прашуваме зошто ни е вака сѐ“, се вели во објавата.
Инаку страницата во изминатите неколку недели често објавуваше несобран отпад во различни делови од Црниче.


