(ФОТО + ВИДЕО) Царина заплени голема количина тутунски производи без акцизни марки во Струга вредна над 1.8 милиони денари

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, во вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета при извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга, информираат утрово од Царинската управа.

При контролата пронајдени биле 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички.

Од Царинската управа посочуваат дека со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари.

Додаваат дека против сторителите е поведена соодветна постапка.

„Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните, порачаа од управата.