Фото: Верижен судир од четири возила на „Партизанска“ во Влае

Четири автомобили се судрија вчера вечерта на булеварот „Партизанска“ во Влае во близина на бензинската станица на „Макпетрол“. Очевидци велат во сообраќајката има повредени.

Полиција го регулираше сообраќајот поради тоа што со судирот беше зафатена крајната лева лента на булеварот.

Повеќе информации за настанот очекувајте денес.

Фото: Макфакс