Фото: Верижен судар во центарот на Скопје

Неколку возила се судирја вчера попладнето во центарот на Скопје, на улицата „Теодосиј Гологанов“, во населбата Капиштец.

Во судирот учествувале три до четири возила и веројатно имало повредени затоа што интервенирала и Брзата помош.

Очекувајте повеќе информации денеска, кога МВР ќе излезе со официјално соопштение.