Шампионите пристигнаа во Келн: Вардар подготвен да ја одбрани титулата (фото+видео)

Европскиот првак Вардар пристигна во Келн каде викендов ќе ги игра натпреварите за одбрана на титулата.

„Црвено-црните“ се првиот тим што пристигна во Келн. Французите доаѓаат дури попладне. Денеска нашите момци ќе го имаат и првиот тренинг, пред саботниот полуфинален меч со Монпелје. Целата галерија погледнете ја на следниот ЛИНК.

Вардар е единствениот тим што две години по ред има машка и женска екипа што настапува на Ф4 турнир во ЛШ. Машката екипа на Вардар се надева дека ќе бид еи првиот тим што ја одбранил титулата. Досега на ниту едне тим не му успеало тоа откако е овој систем на играње во ЛШ.

Во Келн се 19 ракометари кои сезонава настапуваа на натпреварите во лигата на шампионите. Од ланскиот тим сега дебитанти на Ф4 се Мартин Поповски и Даниел Ѓорѓески. Целата галерија погледнете ја на следниот ЛИНК.

Нивоното пристигнување го објави и официјалната страна на ЕХФ, а видеото можете да го подледнете на следниот ЛИНК.