
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска преку Фејсбук објава информираше дека узурпирано државно земјиште во Бутел 2 е претворено во зелено урбано катче.
„Тешко оди, ама мораме сите да се научиме на ред и почитување закон, само така можеме да кажеме дека си ја сакаме општината и државата“, порача Костовски.
