Фото: Уште една тешка сообраќајна несреќа - вечерва во Скопје

Попладнево на булеварот Илинденска во Скопје фоторепортерите на Телеграф.мк регистираа уште една сообраќајна несреќа. Според фотографиите направени на местото на сообраќајката може да се забележи дека станува збор за потешка несреќа. 

Од МВР информираа дека во несреќата се повредени три лица, од кои две се пренесени во ГОБ „8 септември“, додека едно лице е пренесено на Ургентен. Од полицијата велат дека увидот сè уште трае и дека повеќе детали ќе бидат познати по неговото завршување.

Сообраќајни несреќи ги косат возачите: две жртви за 24 часа