(ФОТО) УХМР со хидроаларм за потенцијална опасност од излевање на реките - еве кои делови од државата се обоени во жолто!

Во текот на наредните денови како резултат на циклонска активност земјата ќе биде зафатена од врнежи од дожд, како и снег на планините и дел од повискоите места, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од таму посочуваат дека врнежите локално се очекува да бидат пообилни и интензивни и наместа да предизвикаат брзи зголемувања на водостоите, пред се на помалите реки и суводолиците низ земјава.

УХМР предупреди на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови. 

Исто така, објавија и хидроаларм за постоење на потенцијална опасност од излевање на реките во текот на денешниот ден. На мапата која што ја споделија, како потенцијално опасно подрачје е наведено централното подрачје на државата, односно по течението и околните реки на Вардар.