(ФОТО) УХМР објави метео аларм: Се очекува засилен ветер во повеќе делови од државата!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели метео аларм за во текот на ноќта и во текот на утрешниот ден.

Според информациите од УХМР, се очекува да дува умерен до засилен ветер од северозападен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија.

Според картографскиот приказ што го објавија може да се забележи дека Валандово, Гевгелија, Струмица, Радовиш и околините општини е претставена со портокалов приказ, што значи дека таму јачината ќе биде поинтензивна.